Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски: Анкетна комисија да се позанимава зошто СЈО потроши 15 милиони евра

Муцунски: Анкетна комисија да се позанимава зошто СЈО потроши 15 милиони евра

Тимчо Муцунски, секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека треба да се направи истражување за тоа дали Специјалното јавно обвинителство сработило соодветно според финансиските приходи кои ги добива. Ова функционерот го тврди во своето интервју за „Фактор“.

„Што се однесува до СЈО, морам да нагласам дека е време посебна анкетна комисија во Собранието конечно да направи сериозна анализа и да одговори на прашањето, зошто се потрошени околу 15 милиони евра од парите на нашите граѓани кои беа определени за беспрекорно функционирање на оваа институција. Особено е значајно детално да се истражува и анализира, какви резултати постигнало СЈО во борбата против високата корупција, дали примањата на обвинителите биле сразмерни со постигнатите резултати и нивната работа, како и широкиот обем на распространет непотизам кој воопшто не се негираше од специјалната обвинителка која раководеше со оваа институција“, одговара Муцунски на едно од прашањата на „Фактор“.

Тој во продолжение од интервјуто повикува на објективна истрага преку која ќе биде можно да се утврди, зошто и како се случила аферата „Рекет“ која, според Муцунски, и нанесува голема штета на надворешниот имиџ на државата.


Слично

Поврзани вести