Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУЦУНСКИ: Бугарија треба да се подобри во третманот на малцинствата

МУЦУНСКИ:  Бугарија треба да се подобри во третманот на малцинствата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја повика Бугарија на заедничка маса институционално да ги подобрат состојбите на малцинствата во двете земји, секако земајќи ги предвид уставните разлики.

Вели дека и Бугарија треба да се подобри во третманот на малцинствата. 

„Вие ни давате примери, но и ние може да ви дадеме примери што може да направите подобро, како што е спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП)“, кажа Муцунски.

Муцунски одговараше на прашања од пратениците при што најмногу прашања имаше од бугарските пратеници за уставните измени, внесувањето на Бугарите во Уставот, за Коридорот 8, но и за, како што кажаа, насилство од омраза кон Бугарите и бугарските организации во Македонија.

„Македонија ќе ги чека претстојните избори во Бугарија на кои очекува позитивен и демократски исход за потоа со бугарската влада проактивно и ангажирано да разговараат за серија прашања што ги засегаат двете страни, бидејќи како регион имаме не само заедничка иднина, туку и заеднички обврски“, изјави Муцунски од говорницата во Советот на Европа.

Тој го повтори ставот дека овие уставни измени немаат ништо заедничко со критериумите на ЕУ за членство и додаде дека сме „подготвени да зборуваме со нашиот сосед како да одиме напред во однос на уставните измени врз база на реципроцитет и меѓусебно разбирање“.

Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот за земјава да продолжи по европскиот пат. Maкедонците од Бугарија со години бараат права и регистрирање на партија. 

Слично

Поврзани вести