Муамед Сејдини повторно избран за прв човек на македонскиот фудбал: Иако сум муслиман, денеска барам Прочка
На Редовното Генерално Собрание на ФФМ, Муамед Сејдини, е повторно избран за претседател на Фудбалска федерација на Македонија, иако постоеше иницијативен одбор за негова промена, а изминатите денови во критиките кон неговото раководење се приклучија и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски.
“Денеска е големиот христијански празник - Прочка. Јас сум муслиман, но и во нашата вера, откако ќе прости, човекот ќе има кроткост, трпение, смирение и човекољубие. Простете ако грешев“, рече Сејдини по изборот.
Тој рече дека ФФМ на македонската фудбалска репрезентација ќе и ги обезеди најдобрите можни услови пред настапот на Европското фудбалско првенство и дека ќе продолжи техничката, финансиската и логистичката поддршка за фудбалот.
Слично
