Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари
На 10.05.2024 во 23.18 часот во СВР Скопје В.Л. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на Кеј „Димитар Влахов“, во близина на објектот на МАНУ во Скопје едно лице влегло во неговото патничко возило и со закана со оружје му побарало пари, објави МВР.
„Потоа двајцата со возилото од лицето се упатиле кон банкомат, каде лицето со платежните картички од пријавителот се обидело да извади пари, но не успеало“,соопшти полицијата во последниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
