Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му ветиле работа во Германија и му земале 80.000 денари

Му ветиле работа во Германија и му земале 80.000 денари

И.М.(32) вчера во полиција пријавил дека од 11-ти до 16-ти месецов Д.К. го измамил во врска со претходна објава на „Реклама 5“ за вработување во Германија.

Оштетениот контактирал за работата во Германија со лицето Д.К. при што овој му рекол дека треба да почнат веднаш со постапката на уплаќање за превод на формулари од македонски на германски јазик и плаќањето да го изврши на жиро сметка во банка. Оштетениот направил повеќе трансакции на жиро сметка во износ од 80.000 денари.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести