Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му ветиле превоз до Скопје, по што го ограбиле и го оставиле на пат

Му ветиле превоз до Скопје, по што го ограбиле и го оставиле на пат

Во кумановската полиција ноќеска во 02.40 часот М.А. (62) од Скопје пријавил дека вчера околу 19 часот во близина на бензинска пумпа кај автобуската станица, влегол во непознато патничко возило, во кое биле две лица, со цел да го пренесат до Скопје.

Кога тргнале, неколку пати застанале и физички го нападнале М.А., при што му одзеле 1.500 денари кои ги имал со себе. Потоа го исфрлиле од возилото и заминале.

Оштетениот се вратил во Куманово каде што го пријавил настанот. Се преземаат мерки за целосно  расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести