Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУ УКРАЛЕ ЧАНТА И БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ ОД КОИ ИЗВЛЕКЛЕ ПАРИ, уаспени двајца битолчани за грабеж

МУ УКРАЛЕ ЧАНТА И БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ ОД КОИ ИЗВЛЕКЛЕ ПАРИ, уаспени двајца битолчани за грабеж

Две лица од Битола се упасени поради сомнеж дека истите на странец од БиХ му украле чанта со пари, но и банкарски картички од кои биле извлечени пари. Вкупната штета која му била предизвикана достигнала 30 илјади денари. 

- Денеска (16.08.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишени се од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34), постапувајќи по пријава од 02.30 часот од страна на 46-годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, според која на 15.08.2022 околу 21.30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била  предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари. Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик - се наведува во соопштението на МВР.

Слично

Поврзани вести