Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

Македонец е ограбен во Драч, Албанија. 

Тој поседувал и швајцарски пасош, а под закана со пиштол е ограбен, односно од неговата сопруга се украдени 6.000 швајцарски франци и автомобил марка „AudiQ5“.

Македонскиот државјанин се паркирал пред маркет во Драч, но автомобилот не го изгаснал.

Во него била неговата сопруга, на која што две лица ѝ се приближиле и под закана ѝ ги зеле парите, ја истуркале од автомобилот, по што влегле во истиот и побегнале.

Уапсени се лицата кои го ограбиле Б.Ф (33) и неговата сопруга. Станува збор за Х.С (40) и Р.К (33) и двајцата од Драч, кои директно учествувале во настанот, како и Г.Д. од Каваја од кого побарале да им помогне да се засолнат, соопшти полицијата. 

Пронајден е и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.

Слично

Поврзани вести