МУ ПРЕЧЕЛО СТОЛПЧЕТО, ПА СИ ПАРКИРАЛ ВРЗ НЕГО: Карпош на тешки маки со „алфа“ возачи
Завчера службите на општина Карпош поставија столпчиња на паркингот во Лептокарија за да се овозможи простор за минување на пешаци. Вчера едно од столпчињата е урнато од несовесен возач. Сопственикот на возилото е пријавен во Пајак службата на Град Скопје.
-Апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно и да не ја уништуваат урбаната опрема, објавија од Општина Карпош.
Претходно, Фактор известуваше за сообраќајниот хаос што го прават самите граѓани.
ФОТО:Фејсбук/Општина Карпош
Слично
