МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКИ ШУМИ: Михаилов со порака до заканувачите
Вечерва во МВР поднесувам ПРИЈАВА поради закани насочени по здравјето на мојот живот и моите најблиски, а секако како резултат на мојот личен влог во борбата со криминалот, соопшти Кире Михаилов на неговиот Фејсбук профил.
„Сакам јавно да им порачам на сите, но пред се на оние од другата страна на законот дека ниту во периодот кој одмина, ниту во периодот кој доаѓа имам намера да отстапам од ова кое што го започнав.
Јас не се исплашив во периодот кога мафијата ја водеше државата, уште помалку ќе застанам сега.
Ветивме промени, ќе ги донесеме без разлика која и каква ќе биде цената на тие промени“, напиша тој.
Слично
