Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му се заканиле и го натерале да потпише испратници за 38.000 евра

Му се заканиле и го натерале да потпише испратници за 38.000 евра

Газда од околината на Богданци имал спор за исплата со фирма од Кванташки, по што го присилиле да потпише испратници за 38.000 евра. 

Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 14 часот,  У.С.(45) од селото Селемли,  пријавил дека откако се договорил со Б.А., сопственик на фирма на Кванташки пазар во Скопје, да се видат и да ги надминат недоразбирањата што ги имаат нивните фирми околу плаќање на роба, У.С. дошол пред канцеларијата на Б.А. Тој излегувал и му рекол да го почека во просториите на фирмата, каде две лица со закана го принудиле да потпише две испратници со две фактури со суми од по 1.170.000 денари.  Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести