МУ СЕ ЗАКАНИЛ И МУ ГИ ЗЕЛ ПАРИТЕ ОД ТАШНАТА - полицијата го фати крадецот кој ограби малолетник и му ги најде парите
Полицајци од полициската станица Карпош вчера го уапсиле 23-годишниот С.Р. од Скопје, постапувајќи по пријава на родител, дека едно лице со закана одзело пари од чантата на неговиот малолетен син, соопшти МВР.
Според пријавата, настанот се случил во близина на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Московска“.
С.Р. е приведен во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, а кај него биле пронајдени одземените пари.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Слично
