МУ СЕ СЛОШИЛО ДОДЕКА ВОЗЕЛ КОН РАБОТА: Кобна несреќа за Македонец во Италија
Четириесет и осум годишен маж загинал во сообраќајка во Италија.
Веста првично ја пренесоа италијанските медиуми според кои, македонскиот државјанин настрадал додека бил на пат кон работа во Костиљоле во провинцијата Асти.
Според наводите , на мажот веројатно му се слошило, бидејќи со возилото „фиат стило“ излетал од патот и удрил во ѕид од куќа но, се претпоставува дека не возел со голема брзина бидејќи немало никакви траги од кочење па веројатно изгубил контрола.
Она што се додава е дека неговото тело било најдено надвор од автомобилот а претпоставките се дека излгол од возилото и починал, но засега полицијата не ги потврдува овие наводи бидејќи се работи на расчистување на случајот.
Слично
