МУ СЕ ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА: Кадриески заминува на лекување во Бугарија
Копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ од Струга, Бекир Кадриески, заминува за Бугарија, откако деновиве во градот го нападна жител на селото Велешта.
Тој се пожали дека не е задоволен од третманот во струшката болница. Кадриески ќе биде пренесен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Бугарија. Тој, како што пренесе БНТ, тврдел дека се плаши за својот живот.
Кадриески е државјанин на Македонија. Тој нема бугарски пасош, но тврди дека има бугарски идентитет.
Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси – Попоска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на средба со генералната директорка за европски прашања Славена Гергова, поради тепачката во Струга.
фото принтскрин нова.бг
Слично
