Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУ ПРАТИЛЕ ПОРАКА ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ: Мислел ќе се види со девојката, но добил ќотек

МУ ПРАТИЛЕ ПОРАКА ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ: Мислел ќе се види со девојката, но добил ќотек

Малолетник од Скопје добил порака да се види со девојка, по што го наместиле, односно неколку лица го однеле во куќа во Ѓорче Петров и го тепале. 

Во СВР Скопје, вчера во 9.22 часот, К.Д.(35) од Скопје пријавила дека околу 04:00 часот, нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат. Откако отишол на договореното место, го пресретнале четири машки лица, од кои едниот го познавал и со употреба на сила го однеле во куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.

Според пријавеното, настанот го снимале и објавиле на социјална мрежа. Потоа видеото го избришале.  Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести