МУ ОДЗЕМАЛА ГОЛЕМА СУМА ЕВРА: Како внука од Велес си го ограбила дедото
65 000 eвра и разновидна документација се дрзнала да му украде на својот дедо 17 годинашната внука од Велес.
Според она што е пријавено во билтенот на МВР случајот во полиција го пријавил оштетениот 68 годишниот С.М.
Како што кажал дедото непознат сторител преку незаклучена врата влегол на приземјето од куќата и со подесен алат го отворил катанчето од вграден ѕиден плакар.
Од таму одзел акт-чанта со две шифрирани брави во која имало 65.000 евра и документи.
Вечерта истиот ден во полициската станица во Велес е извршен разговор со 17 годишната малолетна внука на пријавителот.
Од МВР велат дека малолетничката изнајмила хотелска соба и во неа била најдена и одземена чантата со парите и документите.
Слично
