Му го оставиле на моторот: Млад скопјанец нашол плико со пет куршуми и заканувачки пораки
Млад скопјанец вечра пријавил дека на моторот пронашол плико со заканувачки пораки и пет куршуми внатре.
„Вчера во 08.23 часот во СВР Скопје С.Р. (34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.20 часот на улицата „Балзакова“ каде што бил паркиран неговиот мотор, на моторот пронашол плико со заканувачки пораки по неговиот живот и по животот на неговиот син и пет куршуми внатре“, соопшти МВР.
Случајот е пријавен во МВР, а полицијата работи на расчистување на случајот
Слично
