Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му го нагмечил мозокот на пешак во Гостивар, по 10 месеци доби обвинение

Му го нагмечил мозокот на пешак во Гостивар, по 10 месеци доби обвинение


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако со своето БМВ пред десетина месеци на пешак му го нагмечил мозокот по што истиот починал две недели подоцна.

Триесет и деветгодишниот гостиварец на 13 април 2021 година управувал автомобил БМВ на улицата „Сретко Крстески" во Гостивар. Кога се приближил кон крстосницата со улицата „Гаве Лазарески", започнал да се движи со возилото наназад, по што со задниот дел од автомобилот осомничениот удрил во пешак кој ја минувал улицата.

„Пешакот при ударот се здобил со тешки телесни повреди – нагмечувања на мозокот и на 26.04.2021 година починал.​“, информира ОЈО.


Слично

Поврзани вести