Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУ ДОЛЖАМ НА ПОКОЈНИОТ ТАТКО И ДЕЦАТА: Ќе докажам дека јас и мајка ми не сме криминалци - Камчев од судница

МУ ДОЛЖАМ НА ПОКОЈНИОТ ТАТКО И ДЕЦАТА: Ќе докажам дека јас и мајка ми не сме криминалци - Камчев од судница

Обвинението е на една страница, изведено по изјавата на првоoбвинетиот во случајов Никола Груевски, обвинителен акт кој етолку конфузен и спакуван што би се засрамил студент на Правниот факултет, јас сум шест месеци во притвор, рече денеска бизнисменот Јордан Камчев изнесувајчи се по обвиненијат аво случајот Плацеви на Водно за кој е во притвор. Рече дека станува збор за монтиран процес против него и неговата 77 годишна мајка. Тврди дека нема финансиско вештачење и рече дека Обвинителството само води хајка, а нема докази за криминал. 

„Во самиот акт ниту има време, ниту има место како тоа ние сме помогнале во наводното перење пари. Во актот имате два збора, предлог и пример. Како тоа почитуван Судија и Судски совет можете да пренесете и примите нешто што сте го платиле милион и 535 илјади евра, пари од сметката на „Орка Холдинг“’ во Скопје.  Толку дрско се лаже во обвинителниот акт и се манипулира со тоа што иако беа  доставени докази во месец јануари до Обвинителството за организиран криминал дека уделите се комплетно платени, се продолжува со измислувањето дека е фиктивно пренесен уделот на компанијата „Сирах“  на лицето Ирена Самсоненко без да се платат парите, рече Камчев.

Додаде дека нивните докази не се земени предвид а дека станува збор за уплата од милион и 800 илјади евра и добивка на компанијата „Орка Холдинг“’ од околу 350 илјади евра, што Обвинителството ги нотирало како фиктивни удели. Праша и зошто обвинителката не ги земала предвид двете продажби на земјиштето на „Сирах“ и зошто, како што рече, едниот правен субјект воопшто не се третира туку само лицето Ирена Самсоненко. 

Камчев потоа се осврна на тоа дека нема финансиско вештачење, додека неговата одбрана веќе направила такво. 

„Затоа што перење пари, првата работа основна е финансиско вештачење, јас сум економист и тоа многу добро го знам, ниту вие како судија ќе можете да оцените доколку немате такво вештачење во однос на тоа да видите како се одвивала трансакцијата на парите. Затоа што оваа измислена приказна на обвинителката со илјадници грешки во неа, и тоа сериозни грешки, кои ќе ги доставиме потоа со докази во постапката, со пермутации на износи, со пермутации на зборови за да добие впечаток јавноста, затоа што најбитно е кога ќе излезете надвор да се сликате пред камерите и да кажете дека тој е во притвор, дека направил тоа и дека украл толку и слично. Не е битна суштината на делото на измислената приказна, тука е битно дека сте осудени со самото тоа што сте во влезени во притвор и што е покренат обвинителен акт, рече тој.

Објаснува дека плацот бил купен со намена, за „Систина“’ да изгради дом за стари лица бидејќи локацијата била перфектна. Тврди дека Обвинителство не доставило и материјален доказ ниту за него ниту за неговата мајка и дека ниту еден сведок што обвинителството ги предлага, не ги спомнал ниту него ниту мајка му во делото. Затоа вели дека се е конструкција. 

„Се е конструкција напишaна на страница ипол. Али пазете, се штити фирма којашто купила тука имот од познати причини веројатно само на обвинителката, а тоа ќе го дознае јавноста, зашто се прави. Сите овие мои наоди ние ќе ги докажеме со докази на судот преку сведоци, затоа што јас, ќе докажам дека јас, Јордан Камчев и мојата мајка Ратка Куноска Камчева на 77 години возраст, досега нема сторено ниту едно кривично дело, во оваа постапка ќе останеме чисти заради тоа што не сме го сторило ова измислено кривично дело познато само зашто се поднесува само од страна на обвинителството. За крај, тоа  го должам и на мојот покоен татко кој после 42 години ја остави оваа фирма, како и на моите деца за да докажам дека не сум криминалец туку сум човек кој во оваа држава создава, и вработува 3000 луѓе, плаќа дваесетина милиони евра даноци и лежи 6 месеци во притвор заради измислено обвинение од страна на монструозното обвинителство на Р. Македонија, заклучи Камчев.


Слично

Поврзани вести