Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му дојдоа пред врата да протестираат, а Василевски рече не го мачи совеста

Му дојдоа пред врата да протестираат, а Василевски рече не го мачи совеста

Од Македонија - блокира вчера беа пред домовите на двајцата пратеници од Охрид кои гласаа за отворање на Уставот. 

Демонстрантите беа пред домовите на пратеникот Љубен Арнаудов, а го посетија и домот на пратеникот Сашо Василевски, кој исто така е обвинет за настаните од 27 април. Тие на пратениците им доставија писма, со кои бараат од пратениците да не гласаат за уставните измени.

Василевски искоментира дека писмото му е доставено предоцна.

„ ас го притиснав зеленото копче без притисок и без грам на совест која би ме мачела. Тоа е бидејќи лажниот патриотизам кој 30 години не мачел, да го ставиме зад врата. Македонија има еден пат, а тоа е ЕУ и НАТО. Ќе се борам како пратеник да го јакнеме стратешкото партнерство со САД. Тоа можам да ви го гарантирам, бидејќи е единствена наша перспектива“, вели тој. 

Според него, лажниот патриотизам ќе биде присутен уште некое време и ќе го нема. 

„Љубен да те потсетиме, не му било лесно ниту на Христо Узунов, Питу Гули, на сите револуционери. Ако седеле дома, немаше да ја има Македонија. Ти Љубен имаш обврска, да не учествуваш во ова предавство“ – изјави Јанко Бачев од Единствена  Македонија пред домот на пратеникот Арнаудов.

Домот на Арнаудов го чуваше силно полициско обезбедување.

Претходно од Македонија - блокира го посетија домот на Крсто Мукоски во Вевчани.

Целта е да ги разубедат понатаму да гласаа за уставни измени, а со тоа и за промена на името на државата. 

Слично

Поврзани вести