МУ БЛАГОДАРАМ НА ВМРО-ДПМНЕ И НА СЕМЕЈСТВОТО: Муцунски прогласи победа во Аеродром
Вашата јасно изразена волја создава сериозна обврска за исполнување на вашите очекувања и реално остварување на заедничките високо поставени цели и задачи, напиша попладнево на фејсбук Тимчо Муцунски, кој според последните податоци на Државната изборна комисија е новиот градоначалник на скопската општина Аеродром.
Во објавата се заблагодарува на ВМРО-ДПМНЕ за дадената доверба, но и на семејството, тимот...
„Во време на присутна пандемија, енергетска криза, почеток на нова економска и финансиска нестабилност, присутни секојдневни последици од климатските промени и пад на моралните вредности, од сите нас се очекува да покажеме вистинска волја и подготвеност за соочување со сите предизвици, но и поголема ангажираност и национално единство за ургентно решавање на сите прашања кои посредно или непосредно влијаат на веќе девастираниот стандард на нашите граѓаните. Токму во наведената насока овие избори граѓаните јасно покажаа дека е крајно време за ефикасни и квалитетни промени во нашето современо општество, но и дека е минато времето на лажни и неисполнети ветувања, пишува Муцунски.
Слично
