МТВ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ: EБУ ќе воведе санкции
Гледачите на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ) може наскоро да останат без европски спортски првенства, без „Евровизија“, странски програми, филмови и без странски документарци поради натрупан долг кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Извор од програмскиот совет на МРТ, кој сакаше да остане анонимен, за ПИНА открива дека долгот надминува 500.000 евра. Ова можеби изгледа ситно во споредба со огромниот долг што националниот сервис го има натрупано низ годиниве, а кој е поголем од вкупните годишни приходи на телевизијата. На крајот на 2016 година, МРТ имала приходи од 19,3 милиони евра, а вкупниот долг натрупан со години кон домашни и странски доверители бил 21,8 милиони евра. И додека доверителите засега не креваат прашина, од ЕБУ не седат со скрстени раце и подготвуваат санкции за телевизијата.
МРТ има долг поради кој се соочува со санкции од трето ниво, потврди Клер Рејнфорд, висока претставничка за односи со јавноста од ЕБУ.
Целиот текст овде.
