МТВ ќе добие и четврт канал
Со новите измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се предвидува отворање четврти канал на јавниот радиодифузен сервис, којшто ќе треба да ги опфати медиумските потреби на помалубројните заедници во Македонија.
Јавниот радиодифузен сервис би имал прва програма на македонски јазик, Собраниски канал, трет канал со 24 - часовна програма на албански јазик и четврти канал, каде што би се емитувале програми на турски, ромски, српски, бошњачки и влашки јазик.
Редакциите на програмите на помалуброните заедници се соочуваат го голем број проблеми при реализција на програмските содржини.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски вели дека досега вториот канал на МРТ бил единствена можност за редакциите на малцинските заедници да презентираат своја програма.
„Ние како држава сме свесни дека формирање на нов канал ќе претставува предизвик за јавниот сервис, и затоа е од големо значење ангажманот на ОБСЕ во делот на јакнење на капацитетите на овие редакции“ – посочи Манчевски.
Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, подвлекувајќи дека овозможувањето на слободно и објективно изразување е право на сите, информираше дека вториот канал ќе емитува 24-часовна програма на албански јазик.
