МТСП ЗА ТРУЕЊЕТО ВО КУМАНОВСКАТА ГРАДИНКА: Majoнезот се користел во количини под 10 отсто, ќе преземеме мерки за утврдување на одговорност
Oд Министертството за труд и социјална политика за случајот со труењето со храна во кумановската градинка „Ангел Шајче“ велат дека упатствата за подготовка на оброците во детските градинки се изработени од Републичкиот Завод за домаќинство и подолг период не се променети.
Од тие причини, во соработка со експерти од областа, работат на подготовка на нови упатства кои ќе значат отстранување на сите производи кои не ги задоволуваат стандардите за здрава исхрана.
„Сакаме да информираме дека мајонезот воопшто не се користел како примарна храна туку во многу мали количини под 10 отсто, како додаток при подготовката на свежа паштета од туна и од пилешко месо. Со новите упатства за подготовка на оброците мајонезот целосно ќе биде исфрлен. Министерството за труд и социјална политика во согласност со своите надлежности, ќе ги преземе сите мерки за утврдување одговорност за случајот“, велат од МТСП.
Триесетина деца имаа симптоми на труење со храна и побараат лекарска храна.
Мострите земени од Агенцијата за храна и ветеринарството, покажале присуство на салмонела во пакување од мајонез. Од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека лабораториските испитувања потврдиле салмонела кај 31 дете.
foto freepik
