Економија, финансии, бизнис

Контакт

МТСП ќе поднесе кривична пријава против 11 лица од надлежните установи во врска со малолетната штитеничка

МТСП ќе поднесе кривична пријава против 11 лица од надлежните установи во врска со малолетната штитеничка

Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција при МТСП, Министерството ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против одговорните лица во Центарот за социјална работа - Скопје за ,,несовесно работење во служба’’ (по член 353-а, став 1 од Кривичниот законик на РМ), како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,,запуштање на малолетно лице’’, (по член 201 од КЗ) и за ,,несовесно работење во служба’’ (по член 353-а, став 1 од КЗ), соопштуваат од министерството.

Оваа пријава ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 - 2017 година.

Исто така, од страна на инспекторите се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита.

Слично

Поврзани вести