Економија, финансии, бизнис

Контакт

МТСП: Градинката „Блета“ во моментов не згрижува деца

МТСП: Градинката „Блета“ во моментов не згрижува деца

Министерството за труд и социјална политика денеска изврши вонреден инспекциски надзор и увид во објект на ул. 173 бр.8 во Скопје, врз основа на сознанијата за постоење нелегална установа со назив ,,Блета’’,која згрижувала деца од предучилишна возраст и вршела воспитание од верски карактер.

Надзорот е  извршен  врз основа на одредбите од Законот за заштита на  децата, а по добиени информации за обавување на дејност: згрижување и воспитание на деца, во установа која не е заведена во Регистерот на установи за деца при Министерството за труд и социјална политика, односно спротивно на законот.

При инспекцискиот надзор, во посочениот објект не биле затекнати деца, ниту пак вработени лица, а надворешниот изглед и уредувањето на дворот, упатуваат дека таму се одвивале активности од воспитувачко-згрижувачки карактер.

Министерството за труд и социјална политика испрати официјално известување до Министерството за внатрешни работи во врска со минатонеделниот увид во неколку објекти, кој беше извршен на 21 јули 2017 година, а во текот на денот ќе го достави и записникот од денешниот надзор.

МТСП и понатаму ќе го следи овој случај и ќе постапи доколку се констатира промена на состојбата.

Слично

Поврзани вести