МТСП: Ги потврдуваме заложбите дека секое дете ни е важно
Министерството за труд и социјална политика го честита Меѓународниот ден за заштита на детето и уште еднаш ги потврдува заложбите дека секое дете е важно.
Ресорното министерство продолжува посветено да работи на намалување на детската сиромаштија, обезбедување еднакви шанси за секое дете и подобри услови и ран детски развој во Северна Македонија.
Со социјалната реформа опфатот на деца до детски и образовен додаток го зголемуваме за 20 пати. Истовремено мобилни тимови веќе работат со децата на улица и нивните семејства за нивно вклучување во образовниот процес и на подигање на свеста за вакцинација.
Наш фокус беше и останува процесот на деинституционализација. За 16 месеци за 75 % е намален бројот на деца сместени во институции. Планираме до крајот на годинава на сите деца да им најдеме топол дом, за што создаваме квалитетна база на згрижувачи.
Министерсвото спроведува и програма за социоемоционален развој на децата, којашто има позитивен ефект врз емотивниот социјалниот и интелектуалниот развој, јазикот и физичкиот развој.
За да се превенираат сите форми на на насилство врз децата вклучувајќи го и запоставувањето, Северна Македонија е прва земја во регионот којашто воведе индикатори за препознавање на деца жртви на насилство.
Децата се нашата иднина, нашиот непроценлив човечки капитал. Како одговорна Влада којашто во секое дете гледа потенцијал продолжуваме посветено да инвестираме и да се грижиме.
Фактор направи интервју со министерката Царовска, целата тема можете да ја погледнете овде.
Фото Blog In2English
