Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мртва трка меѓу Захариев и Бочварски, 36 гласа може да се пресудни

Мртва трка меѓу Захариев и Бочварски, 36 гласа може да се пресудни

Општина Штип покажа дека е најтешката за освојување на овие локални избори бидејќи во првиот круг разликата меѓу единствените двајца кандидати изнесува само 36 гласа. Според последно обработените резултати од Државната изборна комисија од сите 80 избирачки места во општина Штип ќе се води докрај неизвесна трка меѓу кандидатите Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ кој бара нов мандат како градоначалник и предизвикувачот Благој Бочварски од СДСМ.

Захариев има минимална предност со 13.966 гласови или 48,10% од вкупното гласачко тело во Штип, додека Бочварски заостанува со 13.930 гласови или 47,97% од гласовите. Поради поголемиот процент на неважечки ливчиња ниту еден од кандидатите не успеа да оствари предност од над 50% од гласовите што ќе му донесеше сигурна победа во првиот круг.

Секако, чекаме и на целосна и комплетна потврда од страна на Државната изборна комисија која ќе следи во текот на денот, но очекуваме битката за Штип да продолжи и победникот меѓу Захариев и Бочварски да се реши во вториот круг.


Слично

Поврзани вести