МРТВ: Нема да ја укинеме култната „Хихирику“, чекаме нова влада
Македонската радио телевизија соопшти дека најостро ја осудува изјавата на два члена на екипата на култната емисија на Македонското радио Хихирику дека е укината од Македонската радио телевизија.
„Оваа изјава ја сметаме како големо политикантство и понатаму нема да коментираме изјави со дневно политички карактер. Бренд емисијата на Македонското радио Хихирику ниту е укината ниту ќе се укине. Напротив, ќе продолжи со својот живот и понатаму. Поради целокупната состојба во државата и важечките закони, МРТ не е во можност да потпише авторски договори со екипата на Хихирику се до формирање на Влада на Република Македонија. Ова е поткрепено и со дописи од страна на Министерството за финансии. Ова е единствената вистина“, се наведува во соопштението на Македонска радио телевизија.
Претходно актерите Благоја Чоревски и Џокица Лукаревски на јавноста и открија дека емисијата „Хихирику“ по децении на постоење повторно и се заканува тргнување од радио етерот.