Мртов човек е најден во внатрешноста на трансформатор во Тетово
Маж е пронајден мртов во внатрешноста на трансформатор во Тетово.
Во комплексот „Арабати Баба Теќе“ вчера е најдено безживотното тело во внатрешноста на транформатор за електрична енергија. Станува збор за 38-годишниот тетовец А.У.
„Го пронашол и случајот го пријавил чуварот на комплексот, по што Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид„“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
Слично
