Економија, финансии, бизнис

Контакт

МРТ се спаси од резил, плати за да гледаме ракомет

МРТ се спаси од резил, плати за да гледаме ракомет


Стравот на македонската јавност дека ќе мора да го гледа Светското ракометно првенство и настапот на македонската репрезентација единствено со доплата преку кабелски оператор заврши со уплатата на Македонската радио телевизија за правата од преносот на овој турнир.

До почетокот на овој настан има само уште еден месец, а неизвесно беше до крај дали воопшто некоја од македонските телевизии ќе биде во можност да ги пренесува натпреварите на црвено-жолтите од планетарниот собир.

Светското првенство од 10 до 27 јануари ќе се игра во Германија и Данска, а веста ја соопто уредникот на спортската редакција, Драган Николовски.

„Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик“, напиша Николовски на својот фејсбук профил.

Нашата репрезентација настапите ги започнува во групата во Минхен против Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.


Слично

Поврзани вести