МРТ ќе утврдува кој дозволил песна за „Голема Албанија“ да се емитува на јавниот сервис
Македонската радиотелевизија (МРТ) ќе утврдува како се случило и чија е одговорноста за тоа што на јавниот радиодифузен сервис да се емитува детска песна со тема и со симболи на таканаречената „голема Албанија“, објави „Скопје1“.
Во саботата во 11 часот беше пуштена снимка од детски фестивал на која девојче во маичка со карта на „Голема Албанија“ ја пее песната „Trojet shqiptare“ („Албански простори/земји“) и во неа повикува на обединување на Албанците во една држава.
Слично
