Економија, финансии, бизнис

Контакт

МРТ формираше комисија за случајот „Гарванлиев“

МРТ формираше комисија за случајот „Гарванлиев“

Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација, објави дека  Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформи комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев, без да се прецизира каков би можел да биде тој исход.

Членовите на интерната комисија ќе ја анализираат состојбата од сите аспекти и деновиве ќе биде донесена конечна одлука, велат од јавниот сервис. Јавноста е поделена околу учеството на Гарванлиев на годинешниот Евросонг, по неговото признание дека поседува бугарски пасош откако во неговиот првичен офицвијален спот се појавија и боите на бугарското знаме во еден кадар.

– МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ – вели Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.


Слично

Поврзани вести