МПС од новиот министер бара повеќе средства за полицајците
Македонскиот полициски синдикат, една од најголемите полициски синдикални организации, од новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски како и од новото владино раководство бара големи промени во третманот на полицајците за обезбедување на нивните основни потреби за секојдневното вршење на задачите, како и зголемување на платите.
МПС смета дека е неопходно да се набави нова опрема, униформи, возила за потребите на полицијата,да има подобрување на условите за работа и преземање на мерки за поголема безбедност и здравје при секојдневните активности.
Овие барања беа посочени на меѓународната конференција на синдикатите на полициските службеници од државите од регионот, каде исто така се разговараше и за формирање на асоцијација која ќе се занимава со проблемите и ќе нуди помош зависно од потребите.
