Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ ЗБОРУВА АМА НИКОЈ НЕ ЈА СЛУША: Коледарските огнови и вечерва ќе изгорат илјадници денари и дрва!

МПЦ ЗБОРУВА АМА НИКОЈ НЕ ЈА СЛУША: Коледарските огнови и вечерва ќе изгорат илјадници денари и дрва!

Апелот на МПЦ не допре до ушите на многу општини кои и вечерва не помислија на социјално загрозените и наместо да ги даруваат дрвата на сиромашните, тие ќе ги запалат.

Традиционалното горење на огнови за Бадник според Македонската православна црква не е христијански туку пагански обичај и затоа Црквата ги повика верниците да ја прекинат оваа традиција и да појдат на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.

Секоја година близу 20 000 евра за неколку часа горат во пламените јазици на коледарските огнови. 

Штом падне вечерта граѓаните се собираат пред зграда и топлат покрај огновите со греана ракија, чај и богата трпеза. А, има и песна! Вака е моментално во скопско Ново Лисиче.

Чад до небо 

Иако дел од граѓаните сметаат дека за бадниковиот оган непотребно се трошат огромни количества дрва како ресурс за добивање топлинска енергија, а засиленото загадување дополнително ќе ги угуши граѓаните, вечерва неколку часа ќе заборават на пресметките. Утре пак продолжува славењето. Со бадникова химна и подигање на новото бадникарско знаме пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи традицонално скопско бадникување. 

Новиот Кум Радко Манов ќе го прими преодниот ќуп од рацете на Поглаварот на Македонската православна црква Г.Г. Стефан и заедно со минатогодишниот Кум Илија Малинковски ќе заминат со пајтон, препознатливото превозно средство за Скопје, поздравени од со граѓаните кои со симпатии и одобрување ќе ја проследат и оваа 25-та  прослава на Бадник во Скопје.

Врвот на прославата се обраќањето на Поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан, здравицата на Љубиша Николиќ, кусото обраќање на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и на годинешниот Кум Радко Манов, кршењето на погачата со паричка и примопредавањето на преодниот пехар.

Слично

Поврзани вести