Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ загрижена за состојбите во државата - повика на одговорно однесување

МПЦ загрижена за состојбите во државата - повика на одговорно однесување

Македонската православна црква - Охридска архиеписокопија денеска изрази загриженост за состојбите во државата. 

Оттаму упатија апел до верниците и до сите граѓани за меѓусебно помирување и одговорно однесување, а до одговорните лица и институции апел за почитување на правниот поредок.

„Архиепископскиот управен одбор (АУО) на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, на своето редовно годишно работно заседание одржано на 16 мај 2017 година во просториите на Македонската архиепископија, ја изразува својата сериозна загриженост за состојбите во државата и повторно упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за смирување и надминување на состојбата преку меѓусебно помирување и одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање“- стои во соопштението од МПЦ-ОА.

Архиепископскиот управен одбор (АУО) на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, ги повикува сите одговорни лица и институции да сторат усилби за почитување на правниот поредок во Република Македонија, согласно Уставот и позитивните закони. 

Слично

Поврзани вести