Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ: Употребата на канабис може да биде и порок

МПЦ: Употребата на канабис може да биде и порок

За Македонската православна црква употребата на канабисот, како што велат од таму, може да биде и порок, но за неговата легализација во рекреативни цели ќе завземе став откако ќе види конкретен план на кој начин тоа би се одвивало.

„Генерално, како и за секоја работа, доколку станува збор за легализација во медицински цели тогаш е во ред, но доколку се работи за порок, тогаш не е во ред. Тоа се тие општи насоки, меѓутоа не е водена дискусија на оваа тема во некоја конкретна насока“, велат од МПЦ-ОА за „Слободен печат“.

Од таму се уште немаат завземано генерален став по ова прашање., а Синодот нема дискутирано на оваа тема.

„Синодот се уште нема изградено став во врска со легализацијата на марихуаната во земјава, односно луѓето кои се во Македонската православна црква немаат дискутирано на оваа тема, бидејќи се уште немаме репер кон што конкретно да се однесуваме“, велат од МПЦ.



Слично

Поврзани вести