МПЦ-ОА утре ќе се обедини со Вранишковски
Светиот синод на МПЦ-ОА се очекува утре на седница да донесе одлука за обединување со ПОА на довчерашниот расколник Јован Вранишковски. На утрешната седница се поканети сите епархиските архиереи, објави Религија.мк.
Тоа ќе значи интеграција на владиците на ПОА во МПЦ-ОА. Делови од постоечките епархии на МПЦ-ОА ќе бидат поделени, а со новите епархии ќе управуваат четворица владици на ПОА.
Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.
Слично
