Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ-ОА: Гробовите за Духовден да се посетуваат само од најблиските

МПЦ-ОА: Гробовите за Духовден да се посетуваат само од најблиските

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во пресрет на верскиот празник Духовден ги повикува верниците да ги почитуваат мерките за заштита и само најблиските да ги посетуваат гробиштата.

- Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а воедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства, гласи соопштението на САС на МПЦ-ОА. 

Од таму ги повикуваат верниците и во оваа пригода да придонесат во заедничката борба против заразната болест и за општото здравје на сите.

Слично

Поврзани вести