МПЦ не го назначи за владика игуменот од Бигорски кој е близок со Бугарија
Македонската православна црква, иако се очекуваше, не го назначи за 13-ти владика во Синодот игуменот Партениј од Бигорскиот манастир.
Наместо архимандритот, на негово место е одбран досегашниот старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село - отец Јаков
Чинот на хиротонија ќе биде извршен за време на овој викенд во Струмица.
Партениј лани го поздрави договорот за добрососедство на Македонија и Бугарија, кај него во посета беше бугарскиот претседател Румен Радев, а во бугарското народно собрание ја доби наградата „Европски граѓанин“.
Слично
