Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ и ИВЗ разменија писма: Г.Г.Стефан побара од Сулејман Реџепи да не ја вмешува црквата во политиката

МПЦ и ИВЗ разменија писма: Г.Г.Стефан побара од Сулејман Реџепи да не ја вмешува црквата во политиката

Македонската прасвославна црква испратила писмо до Исламската верска заедница, во кое поглаварот г.г. Стефан бара од реисот Сулејман Реџепи бара тој во своите јавни настапи да не ја меша МПЦ во проблемите што ИВЗ ги има со државата. 

Реисот Реџепи му возврати дека ИВЗ очекувала повеќе солидарност од МПЦ, со оглед на тоа што таа е водечка верска заедница во државата. 

„Почитта и уважувањето се од огромна важност во едно мултинационално и мултиконфесионално општество, како што е нашето и токму затоа секое јавно изразување нетрпеливост со недостаток од почит кон другиот може да нанесе сериозни трајни последици кон мирот и стабилноста, за кои се залагаме и ги посакуваме“, се вели во писмото на МПЦ-ОА испратено до ИВЗ.

– Се чинат и сосема несоодветни обвинувањата за наводна привилегираност на МПЦ-ОА од страна на државата, како на пример, процесот на денационализација, што е далеку од вистината, имајќи предвид дека и нашата перцепција за успешноста во реализирањата на нашите барања и очекувања е далеку од позитивна. Но сето тоа е само наш проблем и се трудиме трпеливо и самостојно да го решиме, без притоа да инволвираме други страни, очекувајќи и тие исто така да се однесуваат кон нас – се додава во реакцијата..

Од ИВЗ „искрено жалат ако нивните произнесувања во јавноста во врска со еклатантните неправди што им се нанесени во изминатите децении, МПЦ ги доживува како изразување на нетрпеливост“.

– Го очекувавме од вас како најголема верска заедница во земјата токму спротивното. Очекувавме израз на солидарност како белег на духот на толеранцијата и соживотот за којшто толку убаво зборувате во вашето писмо и којшто, впрочем, е дух што произлегува од постулатите на верата, било на исламот, било на христијанството. Почитуван г.г. Стефан, ние едноставно не можеме да разбереме како тоа нашиот повик за правдина и коректност што ни беа ускратени од сите што во минатото беа на власт, може да предизвика „трајни последици за мирот и стабилноста кон кои сите тежнееме“, без никаква желба да полемизираме со МПЦ, со која отсекогаш се обидуваме да имаме најкоректни односи токму поради отстранувањето на можноста за „трајните последици за мирот и стабилноста“, сами по себе се наметнуваат некои, според вас „неодмерени“ прашања и ставови – посочуваат од ИВЗ.


Слично

Поврзани вести