Можноста за употреба на отпадот како алтернативно гориво во цементната индустрија – интервју со проф. д-р Даме Димитровски
Потенцијалот на отпадот како секундарна суровина се оценува според составот на отпадот и според количините коишто се достапни. Сознанието за составот на отпадот помага понатаму да може да се направи план колкав дел од отпадот ќе се користи повторно со истата намена, колкав дел од отпадот ќе се рециклира, колкав дел од отпадот ќе има некоја втора намена, колкав дел ќе се пренамени во материјал за суровина, колкав дел би одел во енергенс и колкав дел од отпадот на крајот ќе мора да се депонира во некаква депонија.
Сознанието за составот на отпадот помага во изборот на технологии со кои што ќе се спроведат овие постапки. Сите постапки коишто би се правеле, се добро дефинирани во пирамидата за справување со отпад којашто кажува дека најпожелно е да не создаваме отпад или да го намалиме количеството и отровноста на отпадот уште во дизајнот на производот или во дизајнот на услугата.
Просечно во Македонија секој граѓанин за еден ден прави по еден килограм отпад.
За потенцијалот на отпадот како секундарна суровина и многу повеќе за поимот циркуларна економија, но и интересни факти за можноста за употреба на циркуларна економија во стопанството, ќе дознаете доколку го погледнете интервјуто со проф. д-р Даме Димитровски
