Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е затворање на градинките?

Можно ли е затворање на градинките?

Засега нема затворање на градинките. 

Состојбата со градинките е под контрола, смирува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. 

Вели дека од моментот на отворањето на градинките на 9 септември досега  позитивни се вкупно 26 деца и 83 вработени во градинките.

„Како што се одвива епидемиолошката состојба со Ковид во државата и оттука бројката на последниот пресек од минатата недела од 17 до 25 октомври е нови позитивни 9 деца и 40 вработени. Во моментов 482 дечиња и околу 77 возрасни вработени се во изолација“, изјави Шахпаска.

Министерката потврди дека нивната здравствена состојба е добра, а изминатиов период има само една хоспитализација на дете и еден воспитувач. 

Капацитетите на градинките не се исполнети затоа што во согласност со протоколите, има 20.718 места, а само 10.700 деца посетуваат градинка. 

Министерката вели дека родителите ги запишуваат своите деца, но не ги носат во градинка.

За 24 часа во земјава има 247 нови заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести