Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е во Штип факултативно да се учи бугарскиот јазик?

Можно ли е во Штип факултативно да се учи бугарскиот јазик?

Се споменува предлог за факултативно учење на бугарскиот јазик во Штип. 

Вели дека секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите. 

„Не сум против факултативно учење на бугарскиот јазик во штипските училишта“, изјави  градоначалникот на Штип, Сашко Николов по средбата со амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов. 

Бугарскиот амбасадор донираше храна за 30 социјално-загрозени семејства. 

Реакција објави професорката Елка Јачева Улчар, и праша зошто да се учи ако станува збор за два исти јазици, или како што вели, тие сепак призанаваат дека станува збор за два различни јазици. 

„Па, зошто да го учат - нели ист ни е јазикот? Или ова е признавање нивно дека, сепак, се два различни јужнословенски јазици. Ако е така, зошто, не побара нашата држава реципрочно да се изучува македонскиот во Благоевград, на пример? Исто, факултативно!“, вели во својот пост на Фејсбук професорката. 

Во Бугарија не стивнуваат нападите кон Македонија. 

Бугарскиот професор Кирил Топалов, член на мешовитата историска комисија отиде дотаму што ја спореди Македонија со Северна Кореја. 

Тој за спорот околу јазикот вели дека е тешко да се дојде до научната вистина.

На 15 месецов ќе биде објавена книгата „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Македонија“, како приватна иницијатива, во која ќе бидат вклучени примери „за кражба на бугарската историја, за уништување на бугарските споменици и за репресија врз Македонците кои се сметаат себеси за Бугари“. Aвторите македонскиот јазик го нарекуваат скопска норма. 

Слично

Поврзани вести