Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е повторно да има карантин?

Можно ли е повторно да има карантин?

Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за МТВ изјави дека засега не верува дека повторно ќе се врати карантинот на сила, но како што рече сето тоа зависи од сите нас.

Потенцира дека мерките мора да се почитуваат затоа што доаѓа сезона на грип. 

„Не верувам дека ќе имаме карантин, но тоа зависи од сите нас. Маските на лице нè штитат да имаме нормален живот. Дома кога сме затворени тоа може да претставува проблем. Тоа го знае и Комисијата за заразни болести. Знаеме сите да се опуштиме и треба тоа да го избегнуваме во секој момент. Се работи за нашето здравје и се работи за здравјето на нашите блиски, на нашите блиски повозрасни, болни, баби, дедовци. Да ги почитуваме експертите и професионалците“,  рече Заев.

Тој додаде дека целиот процес на справување со коронавирусот којшто се одвива во нашата земја е транспарентен. 

Премиерот најави дека следува процес на доекипирање на инспекторатите за нивна уште поголема ефикасност, додавајќи дека нема да има амнестија за ниту еден граѓанин кој ги прекршил мерките и задолженијата.

Заев го објасни и фактот зошто хронично болните се враќаат на работа. 

Слично

Поврзани вести