Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е и Балканот да се дестабилизира?

Можно ли е и Балканот да се дестабилизира?

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ попладнево пристигаат во Брисел за вонреден самит посветен целосно на војната во Украина.

 Високи дипломатски извори за МИА велат дека ќе се разговара и за Западниот Балкан на денешниот ЕУ самит, безбедносната проценка е дека не е исклучен ризик од дестабилизација поради руско-украинската војна, јави дописничката на МИА од Брисел.

Главната цел е усвојување на втор посилен пакет на санкции против рускиот режим откако тој ноќва ја нападна Украина.

– Јасно е дека постои безбедносен ризик во регионот, оваа закана ја сфаќаме многу сериозно –  рече дипломатот и додаде дека за темата се разговарало на состанокот на Г7 групата денеска.

Европската Унија вечерва ќе се стреми кон единство во својот одговор и санкции кон Русија, објаснуваат дипломатите кои денеска интензивно ги брифираат новинарите пред почетокот на ЕУ самитот.

Украинскиот претседател, Влодомир Зеленски на Твитер објави дека ова е објава на војна на цела Европа. 

Македонскиот државен воен и политички врв излезе со осуда за руската инвазија на Украина.

Слично

Поврзани вести