Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е бразилскиот сој на коронавирусот да се појави во Македонија?

Можно ли е бразилскиот сој на коронавирусот да се појави во Македонија?

Во Србија има сомнежи дека е присутен бразилскиот сој на коронавирусот, со што тој би можел да се прошири и во земјава. 

Бразилскиот сој е позаразен и поопасен, а не ги поштедува ни младите луѓе.

„Постојат шанси, но додека вирусниот геном не се потврди со детална анализа, не можеме да знаеме дали се работи за бразилски сој, но реално постојат шанси да дојде и кај нас“ изјави за Сител Д-р Александар Петличковски, директор на Институт за имунологија.

Директорката на ковид-болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС изјави дека има индикации дека бразилскиот сој на коронавирусот се појавил во Србија и дека британската варијанта е сè уште најприсутна меѓу пациентите. 

Таа предупредува дека секој нов сој на вирусот е многу полош од претходниот и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

Вирусот во Бразил се шири брзо и за само 5 дена заразени се повеќе од 13 милиони жители, што претставува 6 отсто од вкупното население. Официјално овој сој е потврден и во неколку европски држави. Бразил е трета земја во светот по бројот на ковид случаи. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести