Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно е СДСМ да оди со кандидат Албанец за Гостивар, Николовски тврди дека водат на анкетите

Можно е СДСМ да оди со кандидат Албанец за Гостивар, Николовски тврди дека водат на анкетите

СДСМ има предност пред опозицискиата ВМРО-ДПМНЕ, брифирал денеска генералениот секретар на партијата на брифинг со одбрани медиуми. Тврдел дека на анкета која ја нараќале пред почетокот на кампањата за локалните избори СДСМ води со 21,7 проценти во споредба со 19 проценти за опозициската партија. За победник на изборите СДСМ ја сметаат 27,9 проценти од испитаниците, додека за победник ВМРО-ДПМНЕ ја прогнозираат 16,2 отсто од граѓаните. Првите 20 кандидати за градоначалници СДСМ ќе ги објави на 13 јули.

Инаку во тек е кандидирањето на лица за градоначалници и за советници како од страна на општинските организации, така и по пат на јавниот оглас што го објави партијата, на кој главно се кандидираат граѓани кои не се членови на партијата. Досега има 562 кандидати за градоначалници и 4.530 кандидати за советници.

За градоначалник на Град Скопје договорено е СДСМ да ја добие поддршката од ДУИ и од ДПА уште во првиот круг, тука е и Беса како коалициски партнер, а СДСМ за некои општини, од типот на Тетово, Гостивар, Струга и други општини со мешан етнички состав, својата евентуална поддршка на кандидатите од овие партии на Албанците ќе ја даде во вториот круг. Можно е СДСМ во Гостивар и во уште некоја општина да настапи и со кандидат за градоначалник Албанец.

Сепак,беше речено на вечерашниот брифинг, повеќе детали за изборна соработка ќе можат да се соопштат по лидерската средба Заев - Ахмети која се очекува идната недела. Заев веќе имал средба со лидерите од коалицијата на СДСМ, и од нив не било најавено дека ќе имаат посебни кандидати за градоначалници. 



Слично

Поврзани вести