Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно е примена вакцина да е „виза“ за влез во некои земји, Македонија ќе издава сертификати

Можно е примена вакцина да е „виза“ за влез во некои земји, Македонија ќе издава сертификати

Ако има потреба за патувањата во странство, а тоа најверојатно и ќе биде така, и во Македонија ќе се издаваат сертификати кои ќе гарантираат дека лицето примило некоја од потврдените вакцини за коронавирус. Досега нема официјална потврда во ниу една земја, ниту пак на ниво на Европската Унија на пример дека сертификатите би биле задолжителни за влез во земјите, сепак многу е веројатно дека тоа ќе се случува. 

Д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје за Сител изјави дека иако во Македонија вакцината ќе биде незадолжителна сертификати ќе се издаваат. 

„Може некои земји ќе им побараат документ за да може да се влезе на нивна територија, ова допрва ќе се организира. И ние најверојатно ќе издаваме таков сертификат односно документ за да може граѓаните оние кои сакаат да патуваат, рече д-р Исјановски.

И додека во некои земји денови се во прашање за почеток на вакцината против Ковид, кај нас вакцинацијата ќе почне најрано во првото тромесечје од 2021. Според најавите од здравствените власти планирано е да се набават 2.4 милиони дози за 60 до 70 проценти од населението.

Денеска за подготвоките одколу вакцинирањето и чувањето на вакцините министерот Венко Филипче разговараше со директорите на здравствените домови во земјата. Вакцинирањето ќе се закажува преку Мој термин. Детали овде


Слично

Поврзани вести