Можно е грипот да ја пролонгира наставата
Не се исклучува пролонгирање на наставата доколку поради грипот надлежните ќе мора да преземат конкретни мерки.
Ова денеска го кажа министерот за образование Адеми кој посочи дека ситуацијата со грипот будно се следи.
„На дневна основа ја следиме ситуацијата и сме во постојана комуникација со Министерствотоза здравство. Во случај на епидемијаили ако постои опасност ќе следиме. Согласно околностите ќе превземеме мерки, вели Арбр Адеми
Тој посочи дека во моментот нема нешто конкретно и оти ситуацијата ќе продолжи да се следи.
– Ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, можно е да имаме пролонгирање на образовно-едукативниот процес, зависно од заклучоците што ќе дојдат од соодветните надлежни институции, изјави Адеми
Слично
